ГАЛЕРИЈА: Вечното дерби во боите на „штрковите“: МЗТ со моќна партија во СРЦ Кале
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до деветтата победа по ред во сите конкуренции, како и петта во низа во вечното дерби
Препорачано
Вечерва на гостински терен играчите на тренерот Васко Атанасов рутински го совладаа најголемиот ривал КК Работнички со 90:72.
„Штрковите“ доминираа од првата до последната минута, дозволувајќи му на домаќинот да биде конкурентен само во дел од првата четвртина.
Со оваа победа актуелниот шампион МЗТ е на самиот врв на табелата со скор 9-1.
Дерби натпреварите меѓу Работнички и МЗТ секогаш предизвикуваат внимание, така беше и овојпат, убав кошаркарски спектакл полн со тензија и на теренот и на трибините каде навивачите на двата клуба ја пополнуваат целата слика на оваа скопска пресметка.



















МЗТ Скопје доминираше и победи во градското дерби со Работнички


