фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

ГАЛЕРИЈА | Свечено затворање на Европскиот младински олимписки фестивал „Скопје 2025“

Со свечена церемонија пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ денеска официјално заврши Европскиот младински олимписки фестивал „Скопје 2025“, од 21 до 26 јули се организираше најголемиот мултиспортски настап досега одржан во Македонија.

Беа здружени младите спортисти од цела Европа во духот на фер-плеј, пријателство и солидарност, настан што го зближува континентот преку спорт, култура и солидарност.

Македонија беше претставена од 181 млад спортист – најголемата делегација на EYOF во земјата досега. Од нашите натпреварувачи најблиску до медал беше таеквондистката Душица Бреслиева која оствари победи и стигна до четвртфиналето.

Над 4.200 млади спортисти од 50 европски земји, се натпреваруваа во 15 различни спортски дисциплини. Италија беше најуспешната земја на ЕМОФ 2026 со најмногу освоени златни медали, вкупно 19.

Топлото време во главниот град претставуваше дополнителен предизвик за учесниците, но тие покажаа издржливост и концентрација во текот на нивниот престој и во своите настапи.

Ова беше 18 издание на Европскиот младински олимписки фестивал, а следниот ќе се организира во 2027 година во Лињано, Италија.

фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Обвинувања за лошата организација на ЕМОФ – Ристовски се оградува, Арсовска му порачува „срамот е ваш“

ГАЛЕРИЈА: ЕМОФ не е само спортски настан – нуди и културна програма, фан-зони, едукативни и интерактивни работилници

Италија освои најмногу златни медали на Европскиот младински олимписки фестивал

ЕМОФ „Скопје 2025“ – Италијанец жестоко го нападна организаторот: Срамни услови, распаднати објекти, зарем е можно во денешно време…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот