Фото: skopje2025.sporteurope.org

ЕМОФ „Скопје 2025“ – Италијанец жестоко го нападна организаторот: Срамни услови, распаднати објекти, зарем е можно во денешно време…

Скандалите продолжија на Европскиот младински олимписки фестивал „Скопје 2025“. Овојпат остро реагира претседателот на Италијанската теквондо федерација, Анџело Чито

Италијанскиот теквондо тим освои три медали на Европскиот младински олимписки фестивал „Скопје 2025“, а претседателот на Италијанската теквондо федерација, Анџело Чито, жестоко го нападна организаторот во Македонија. Ова го јавува информативната агенција АНСА. Организатор е Македонскиот олимписки комитет.

– Овојпат, теквондистите заслужуваат уште поголема почит. Покрај резултатот, за пожртвуваноста што ја демонстрираа во ситуација во која никогаш не помислив дека ќе се соочам. Теквондистите беа одлични, особено во натпреварувањето во услови кои беа, благо речено, срамни од организациска гледна точка. Како сето ова можеше да се случи во денешно време е необјасниво – жестоко реагира Чито.

Потоа тој продолжува уште пожестоко.

– Распаднати објекти, прекинати мечеви, санитарни услови на границата на подносливоста. На пример, со температури од речиси 50 степени, снема струја и беше невозможно повторно да се вклучи климатизацијата. Верувајте ми, никогаш не помислив дека ќе имам вакво искуство во 2025 година. А за момчињата, натпреварувањето во такви услови беше поместување на границите – вели Италијанецот.

Потоа Чито заклучи:

– Секако, не само за нашите спортисти, туку за сите спортисти, можам само да им честитам за нивниот професионализам и посветеност. Се надевам дека оние што се одговорни ќе си ја завршат работата следниот пат, ќе следат и ќе спречат слични ситуации да се случат повторно – вели Чито.

Ова е уште еден од многуте скандали што го одбележаа ЕМОФ „Скопје 2025“, манифестација која завршува денеска, а во која учествуваа 50 земји со 4.000 спортисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот