Аквадукт во Скопје / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ГАЛЕРИЈА | Скопје има подзаборавен и вандализиран, но автентичен Аквадукт

Во околината на Визбегово се наоѓа еден од најавтентичните и најуникатните објекти во државата, ако не и во регионот, скопскиот Аквадукт за кој се очекува дека ќе подлегне под сериозни активности во однос на негово ревитализирање и реставрација која е и повеќе од потребна, земајќи предвид дека низ годините, ова место има „видено“ само неколку екоакции, неколку прес-конференции со најави за реконструкција и зачувување на ова културно обележје, кое никогаш не се случи.

Денес, ова историско место нема посебен пристапен пат кој може да ги одведе туристите до локацијата, туку се минува низ тесна улица, покрај повеќе куќи од едната страна и несреденото корито на Серава од другата страна, кое, пак, е незаштитено со банкини или столбови. Самиот пат кон Аквадуктот е без ознаки и без информативни табли кои би ги воделе заинтересираните граѓани и странци.

Откако ќе дојдете до крајот на патот, веднаш може да се забележи големиот и препознатлив Аквадукт, но и една мини-депонија веднаш до него. За жал, низ годините, несовесни граѓани направиле видна штета на дел од столбовите, кои се „истенчени“, а исто така дел од столбовите се исчкртани со спрејови и на нив се изрезбани имиња, иницијали и датуми кои го смениле автентичниот изглед на римскиот водотек.

Во непосредна близина се забележливи уште неколку депонии со автоделови, бела техника и кабаст отпад, а под еден од столбовите се „заборавени“ повеќе црни вреќи полни со собран отпад кои веројатно останале од последната екоакција за расчистување на депонираниот простор околу Аквадуктот.

Погледнете како изгледа просторот кај Аквадуктот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот