ГАЛЕРИЈА: Прошетка низ спомен-куќата на Лазар Личеноски, објект прогласен за културно наследство од особено значење

Фото: Слободен печат, Валентина Ташева / Колаж: Слободен печат

Датумот е 20 април 2018 година. Како и секој ден, така и тој – си одам од работа, ја гледам спомен-куќата на Лазар Личеноски, се восхитувам на мозаикот „Апотеоза на трудот“ во чардакот кон Вардар и продолжувам накај дома. Но тој ден решив да скршнам од рутината, да прејдам од другата страна на кејот и да и се доближам на убавата жолта куќа.

До самата влезна врата, забележав огромен постер на кој се гледа ликот на Личеновски, а веднаш до него, раскошниот мозаик „Берачка на лотос“, дело на Личеноски. Ветерот придонесе да создадам, според мене, добра фотографија која ми остана драг спомен.

Во тој момент се запрашав: „што ли се крие внатре?“ и посакав еден ден да влезам и да го дишам воздухот на местото каде еден од втемелувачите на македонскиот ликовен живот некогаш го минувал своето секојдневие, каде се инспирирал, каде творел…

Четири години подоцна, желбата ми се исполни. Навистина не би можела, со зборови да ја опишам возбудата и восхитот, дека конечно, одблизу го видов мозаикот кој ја прикажува еволуцијата на човештвото. Спомен-куќата беше отворена во рамки на третиот роденден на Europe House Скопје, кои заедно со студентите од Факултетот за ликовни уметности, организираа тематска изложба инспирирана од ликот и делата на великанот на македонската современа уметност.

Во фокус на третиот роденден на „ЕУ Хаус Скопје“ е Спомен-куќата на Лазар Личеноски

„Работеше на мозаикот неуморно, со голема енергија и ентузијазам, како и со се’ што правеше.  Ми рече: ‘Ова ќе биде мое животно дело’. Стана во четири сабајле, како нешто да го тера да го заврши што побрзо. Поставувањето на мозаикот на фасадата беше завршено пред самиот земјотрес.“ – беа дел од зборовите на сопругата на Личеноски, Зоја за „Апотеоза на трудот“.

„Оваа зграда зборува со нас, има историја, има лузни. Погледнете ја патината на ѕидовите, местата, тој оган што ги допрел, сивилото што се насобрало низ годините. Да не го бришеме сето тоа под сјајните површини и подметнувањето. Ова е куќа чија убавина блеска. Видете го… слушајте ги гласовите што речиси одекнуваат овде. Неговата душа.“, продолжи таа.

И навистина е така.

Спомен-куќата на Лазар Личеноски е изградена во периодот од 1961-1963 година, а како архитектонска творба, е дело на инж. архитект Славко Брезоски – со концепција да ги задоволи семејните потреби за домување и за непречено творење на самиот ликовен уметник, а истовремено и како креативен спој на архитектонскиот и ликовниот израз на тие двајца автори. Фантастично.

Објектот во подножјето на Скопското кале од 2015 е во државна сопственост, како дел од Националната галерија. Дури во 2017 година, овој објект се прогласува за културно наследство од особено значење…

Во продолжение, фотографиите кои успеав да ги направам:

Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева
Фото: Слободен печат / Валентина Ташева

Виртуелна изложба на Националната галерија: Жените во сликарството на Лазар Личеноски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот