ГАЛЕРИЈА: Погледнете како изгледале постерите против Евреите во нацистичка Хрватска

Хрватска е единственото место во овој период на просторот на Европа, каде постоеле логори за деца. Голем број на деца, околу 12.000, се спасени од усташкиот погром благодарејќи на Дијана Будисављевиќ.

Денес е Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот. Датумот 27. јануари го одбележува денот кога руската Црвена армија го ослободи Аушвиц, еден од најозогласените нацистички логори на смртта, во кој беа убиени над 1 милиони луѓе, во најголем број Евреи.

Своевремено, во Независна Држава Хрватска, која важи за поранешна марионетска држава на Германија и Италија за време на Втората светска војна, беше извршено систематско прогонување на Евреите. Помеѓу 1941 и 1945 година, околу 80 проценти од припадниците на еврејската заедница биле убиени во областа на НДХ.

Прогонот на Евреите беше утврден со закон, а антисемитизмот беше присутен на секој чекор. Властите користеа плакати на улиците за да повикаат на прогон на Евреите.

Историскиот архив во Сараево објави некои од тие постери. Ова се архивски материјали во сопственост на таа Архива. Сараево во тоа време, да потсетиме, беше дел од Независна држава Хрватска.

„Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот е ден на сеќавање на сите жртви на нацистичките режими за време на Втората светска војна. Во оваа прилика, презентираме неколку антисемитски постери од нашата колекција. Ова се пропагандни постери кои служеа како средство за промовирање на антиеврејската клима во областа. Целта на оваа пропаганда беше да ги оправда злосторствата против Евреите, да ја оправда нивната депортација во логори, да ги поврзе со поимот непријатели на народот и да ги поврзе со болшевизмот и масонеријата“, се вели во соопштението на сараевскиот Историски архив.

„Неделни вести – Наслови: Концентрациони логори за Евреите во Италија: РИМ. Администрацијата на градот Рим, откако ја сфати криминалната активност на еврејската чума, одлучи да формира концентрационен логор за над 16 000 Евреи. За оваа намена е испразнет еден градски округ. Тука Евреите се под строга стража. Така што, дури и во Италија беше препознаена опасноста од овие светски криминалци“.

„Тито го прави само она што го одредува Евреинот Мошо Пијаде: БЕЛГРАД. Штотуку се дозна, дека криминалецот Тито е само неволна марионета во рацете на озлогласениот белградски Евреин Моше Пијаде, кој игра значајна улога во агитацијата на Москва. Всушност, овој Евреин ја одредува целата политика на Тито, а во исто време тој станува се повеќе и повеќе оружје во рацете на Москва, и сака да ја присили Хрватска во рацете на еврејската светска револуција “.

Погледнете како изгледале овие озогласени постери:

Извор: Historijski arhiv Sarajevo
Извор: Historijski arhiv Sarajevo
Извор: Historijski arhiv Sarajevo
Извор: Historijski arhiv Sarajevo
Извор: Historijski arhiv Sarajevo
Извор: Historijski arhiv Sarajevo

Јасеновац инаку е најголемата „фабрика на смрт“ на Балканот за време на втората светска војна, и место каде хрватските усташи од летото 1941 до 30 април 1945 убиле стотици илјади Срби, Евреи, Роми и антифашисти, меѓу кои и голем број на деца.

Јасеновац важел за најголемиот Балкански концентрационен логор, кој се наоѓал во тогашна НДХ, на просторот на окупираното кралство Југославија за време на втората светска војна. Формиран е во август 1941 од страна на воениот слосторник Макс Лубуриќ, кој бил првиот управител. Голем дел од логорот е уништен од усташката војска во април 1945, по примерот на германците, со цел да ги сокријат своите злосторства.

Прочитајте повеќе:

75 години од пробојот на логорашите во „фарбиката на смртта“ Јасеновац (ФОТО+ВИДЕО)

Видео на денот