Футсалците подобри и од Литванија за „три од три“ во претквалификациите за Светското првенство
Футсал репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман во главната рунда од квалификациите за Светското првенство 2028, откако со максимален учинок го заврши претквалификацискиот турнир во Литванија.
Препорачано
Нашите футсал репрезентативци остварија три победи во три натпревари, потврдувајќи ја фаворитската улога и квалитетот на турнирот.
Во последното коло, Македонија ја совлада селекцијата на Литванија со минимални 1:0. Стрелец на победничкиот погодок беше Јанев, кој погоди во 14 минута од средбата.
Претходно, Македонија забележа убедлива победа над Турција со 6:3, како и триумф од 4:2 против Бугарија, со што го заокружи настапот со девет освоени бодови.
На конечната табела во групата Ц, Македонија го освои првото место со девет бодови, пред Литванија и Турција со по четири, а Бугарија го освои четвртото место без ниту еден бод.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


