Фудбалерот на Трабзонспор ја јадеше тактиката, буквално! (ВИДЕО)

фото: твитер

Овој дуел го одбележа и еден многу интересен момент, во центарот на вниманието се најде Баду Ндиаје кој доби инструкции од својата клупа.

Играчите на Трабзонспор се едни од најголемите изненадувања во турскиот шампионат оваа натпреварувачка сезона.

Тие ремизираа против Газиантеп на гостински терен со конечен резултат 1:1 во рамките од 25. кол и моментно се на второто место со 49 бодови, три помалку од лидерот Истанбул Башакшехир.

Овој дуел го одбележа и еден многу интересен момент, фудбалерот на Трабзонспор, Баду Ндиаје доби инструкции од својата клупа.

Ја доби тактичката тајна, веднаш ја погледна, ја прочита и со цел да не дознае противникот, хартијата ја стави во својата уста.

Погледнете ја оваа бизарна ситуација на видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот