Фудбалерот на Барселона Гави беше успешно опериран

Гави се повреди на мечот против Грузија/фото: EPA-EFE/R. GARCIA

Фудбалерот на Барселона Гави денеска успешно го оперираше коленото, соопшти шпанскиот клуб.

Гави ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено и го оштети менискусот додека играше за шпанската репрезентација против Грузија на 19 октомври, во квалификациите за ЕП 2024 година.

Шпанија победи со 3:1, но веќе се пласираше на натпреварувањето во Германија, поради што беа лути во Барселона што Гави воопшто играше на тој натпревар.

Барселона не прецизираше колку долго ќе отсуствува 19-годишниот фудбалер, а шпанските медиуми објавија дека паузата би можела да трае осум месеци.

Гави на тој начин ќе го пропушти остатокот од сезоната, најверојатно Европското првенство и Олимписките игри во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот