Фудбалерите ќе имаат огромна поддршка против Косово: Се обединија сите македонски навивачки групи

Фудбалската репрезентација на Македонија на 26 март на Националната Арена „Тодор Проески“ игра против Косово во баражот од Лигата на Нации.

На најважниот натпревар досега за фудбалската репрезентација, селекторот Игор Ангеловски и неговите избраници ќе имаат огромна поддршка, од сите навивачки групи во Македонија.

Денеска во Тетово имаше средба помеѓу средба на навивачките групи кои се договорија на 26 март сите заедно од една трибина да ја бодрат Македонија.

„По денешната средба во Тетово известуваме дека се приклучуваме на заедничката иницијатива за поддршка на историскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија против Косово. На состанокот на кој се донесе историска одлука покрај нас присуствуваа Чкембари, Лозари, Војводи, Рибари, Паткари, Гемиџии Гостивар, Фаланга, Лебари, Гемиџии Велес, Ултра банда, Сејмени, Ѓаоли…
Средбата заврши со заедничка хуманитарна акција (донирање облека) во црквата Свети Кирил и Методиј.
За Македонија единствени!“, стои во соопштеените на сите навивачки групи кои присуствуваа во Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот