Фридом хаус бележи напредок во изборниот процес и независните медиуми во земјава

Северна Македонија бележи значителен демократски напредок, особено во критериумите – изборен процес и независни медиуми, оценува Фридом хаус во најновиот извештај „Држави во транзиција”.

Сепак, и покрај прогресот, С. Македонија и натаму е рангирана во категоријата држави со транзициски хибридни режими, во кои се уште се кревки демократските институции и постојат значителни предизвици кои се однесуваат на политичките права и граѓански слободи.

Покрај земјава, напредок од државите во регионот бележи и Косово, а назадување има во Србија и во Црна Гора, кои веќе не се во категоријата делумно консолидирани демократии, туку во хибридни режими.

Во хибрини режими се и Албанија и Босна и Херцеговина, а единствено Хрватска го задржа статусот на делумно консолидирани демократии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот