Фото: Wikimedia Commons

Френсис Форд Копола се огласи од болница и ја откри својата здравствена состојба

Славниот режисер Френсис Форд Копола сподели информации за својата здравствена состојба откако беше хоспитализиран во Рим поради операција на срцето.

Стравувањата дека познатиот режисер е во лоша здравствена состојба почнаа да се шират вчера кога италијанскиот медиум АНСА објави дека Копола бил примен во државната болница во вторникот наутро за закажана интервенција на срцето, но пред операцијата доживеал блага срцева аритмија.

– Немаше итен случај. Тој отиде во болница со автомобил – рекол американскиот претставник.

Извор близок до ситуацијата подоцна изјавил за „Холивуд рипортер“ дека режисерот „убаво одмора“, додека друг извор рекол за магазинот „Пипл“: „Сè е во ред и тој е благодарен на сите за грижата“.

На крајот, се огласи и самиот Копола и ја откри својата здравствена состојба.

„Да, дада (така ме викаат моите деца) е добро, ја користам можноста додека сум во Рим да направам ажурирање на својата 30-годишна стара процедура за атријална фибрилација, и тоа кај нејзиниот пронаоѓач, одличниот италијански лекар – д-р Андреа Натале! Добро сум!“, напишал Копола на Инстаграм.

Легендарниот режисер Френсис Форд Копола итно примен во болница во Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот