Францускиот гувернер проценува загуби до шест отсто поради кредитите за време на корона кризата

epa07634353 Francois Villeroy de Galhau (C), governor of the Bank of France, attends the G20 high-level seminar on financial innovation 'Our Future in the Digital Age' on the sidelines of the G20 finance ministers and central bank governors meeting in Fukuoka, Japan, 08 June 2019. EPA-EFE/KIYOSHI OTA / POOL

 Кредитите со државни гаранции доделени од банките во Франција на компаниите за време на корона кризата, би можеле да донесат загуби и до шест проценти од вкупната вредност, процени гувернерот на Централната банка Франсоа Вилерој де Галхау.

Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во 2020 година, банките им одобриле на компаниите повеќе од 130 милијарди евра кредити со државни гаранции, што е најмногу во Европа.

Задолженоста на компаниите достигна рекордно ниво, иако од Централната банка посочуваат дека многумина од нив земале кредити поради превенција и дури не ги потрошиле позајмените пари.

– Што се однесува до нашата сегашна проценка (на загубите), ќе го наведам опсегот од 4,5 до шест проценти од вкупните заеми со државни гаранции кои можат да донесат загуби, истакна денеска гувернерот на Централната банка пред членовите на Комитетот за финансии на Сенатот.

Тој објасни дека „државата ќе сноси 90 проценти од загубите, а банките 10 отсто”.

Драстичниот пораст на долгот на француските компании ги загрижи деловните лидери, Министерството за финансии и Централната банка, кои стравуваат дека француските компании ќе излезат од кризата со сериозно оптоварени биланси, и нема да можат да инвестираат во раст. Министерството за финансии и Централната банка проценуваат дека на компаниите по завршувањето на кризата ќе им бидат потребни околу 20 милијарди евра свеж капитал.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот