Франција ќе ги контролира странските инвестиции за да ги заштити сопствените

Контролата ќе биде проширена во секторот за биотехнологија, потврди Ле Мер.

Со цел да ги заштити своите компании кои се наоѓаат во тешка ситуација поради кризата предизвикана од епидемијата на Ковид-19, Франција ќе спроведува засилени контроли во странските компании, изјави денеска францускиот министер за економија Бруно Ле Мер.

– Прагот, од кој ќе се активира системот за контрола на неевропските инвестиции како удел во голема француска компанија, ќе биде намален од 25 на 10 отсто до крајот на годината. Како целина, контролата ќе биде проширена во секторот за биотехнологија, потврди Ле Мер.

Тој нагласи дека Владата сигурно нема да го претстави планот за заживување на француската економија пред септември или октомври, додавајќи дека ќе дејствува етапно во оваа насока.

– Работам и со европските колеги на овие мерки, за да има синхронизација, истакна Ле Мер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот