Франција „гори“ – Измерени 42 степени под сенка

Фото: EPA

Денеска температурите под сенка во Париз изнесувале помеѓу 36 и 42 степени Целзиусови, а според најавите утре се очекува и зголемување на температурите, пренесуваат француските медиуми.

За 20 департмани од северна Франција е издадена црвена највисока фаза на претпазливост, што е без преседан во Франција, објави Метео Франс.

Париз, неговиот регион, Ил-де-Франс, дел од Нормандија и Шампањ, денеска од 16 часот се ставени во црвена претпазливост од страна на Метео Франс поради топлотниот бран.

За првпат од создавањето на оваа алатка во 2004 година, за подобро предупредување на граѓаните, има толку многу департмани во највисоката фаза на претпазливост.

На крајот на јуни, овој симболичен праг на црвено алармирање веќе беше преминат од четири департмани на југот од Франција.

Веб-страницата на Метео Франс објаснува дека за време на „црвената фаза“ – „сите сме загрозени, дури и здравите лица“. Температурите би можеле да ги надминат историските рекорди во во Париз.

Истовремено над 80 француски департмани се соочуваат со недостиг од вода, посебно за наводнување, поради слабите зимски врнежи. Последица од тоа е што многу земјоделски култури повеќе не се наводнуваат, а се намалува и производството на електрична енергија на нуклеарните централи кои не можат да функционираат без водата за разладување.

Рекордно високи температури од 38,9 степени Целзиусови се регистрирани денеска и во Холандија и во Белгија, највисоки воопшто во тие земји.

Главниот метеоролот во белгискиот Кралски метеоролошки институт Давид Денехау рече дека температурата во Белгија е мерена во воената база Клајне-Брегел во северозападниот дел на Белгија и претставува историски рекорд за таа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот