„Францускиот Борис Џонсон“: Во својата идеологија, Земур гледа сличности со британскиот премиер

Ерик Земур
Ерик Земур/ ФотоEPA-EFE/BERTRAND GUAY / POOL MAXPPP OUT

Екстремниот десничар и кандидат за претседател на изборите во Франција, Ерик Земур, изјави дека на „културно и интелектуално ниво“ има многу сличности со британскиот премиер Борис Џонсон, пишува Гардијан.

Поранешниот новинар, кој во минатото се споредуваше со Доналд Трамп, во интервју со францускиот Интер беше прашан за „популистичките“ надворешни лидери. Во интервјуто тој беше прашан за Трамп, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и поранешниот италијански премиер Матео Салвини.

„Не го споменавте Борис Џонсон што навистина ме изненади бидејќи тој без конкуренција е лидерот во кој најмногу се гледам себеси, и на културно и на интелектуално ниво“ одговори Земур.

Ова не е првпат Земур да ги одбие компарациите со Трамп и да алудира на поврзаноста со Џонсон.

Тој често алудира на фактот што и британскиот премиер, како и самиот тој се поранешни новинари, како и дека пишувале книги за историјата на нивните земји (Земур за Наполеон, а Џонсон за Чурчил).

Подемот на Ерик Земур: Трката за наследник на Макрон

Поразувачки анкети за Земур

Според досегашните анкети за претседателските избори во Франција, Ерик Земур има доста лоши бројки.

Неговата контроверзна кампања „нула мигранти“ е доста непопуларна кај Французите, иако на почетокот на изборните кампањи тој се проби меѓу главните во трката за претседател на Франција.

Според последните анкети, актуелниот претседател Емануел Макрон има предност пред останатите. Марин Ле Пен е втора, а Земур е трет на листата.

Градоначалничката на Париз се кандидира за претседател на Франција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот