Брижит Бардо во 1963 година / Фото: Flickr / Tullio Saba / PDM 1.0

Француската икона Брижит Бардо ќе биде погребана покрај морето во Сен Тропе

Француската филмска икона Брижит Бардо, која почина во неделата на 91-годишна возраст, ќе биде погребана на гробишта покрај морето во летувалиштето Сен Тропе, соопшти нејзиниот претставник, без да прецизира датум.

Актерката, која стана симбол на Франција во 1950-тите и 1960-тите години, со децении живееше токму во Сен Тропе, каде што, како што знаеше да истакне, пронашла мир меѓу животните и целосно му се посветила на нивното благосостојба и заштита.

„Таа беше прекрасна, навистина прекрасна – нема друг збор. Да, многу ќе ни недостига“, изјави за „Ројтерс“ жителот на Сен Тропе, Филип Волмје.

Тој раскажал дека ја познавал Бардо околу 30 години и често ја среќавал како ги шета своите кучиња по плажата.

„Еднаш падна во водата заедно со кучето, па морав да ја извлечам. Беше пријател кој им помагаше на многумина“, додаде тој.

Францускиот претседател Емануел Макрон во неделата изјави дека Бардо олицетворувала „живот на слобода“.

„Едно француско постоење, универзален сјај. Нè трогна. Жалиме за една легенда на векот“, додаде Макрон.

Во поголемиот дел од доцните години од животот, Бардо живееше повлечено, зад високи ѕидови во Сен Тропе, опкружена со бројни мачки, кучиња и коњи.

Во интервју за францускиот неделник „Париз меч“ во 2024 година, таа изјави дека сакала да биде погребана во сопствената градина. Од демартманот Вар за „Ројтерс“ соопштија дека не добиле барање за приватен погреб, што би било неопходно доколку Бардо навистина сакала да биде погребана во својот двор.

Почина легендарната француска актерка Брижит Бардо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот