Макрон и Нетанјаху EPA-EFE/CHRISTOPHE ENA / POOL MAXPPP OUT

Франција има план за мир меѓу Либан и Израел

Доколку Либан формално би ја признал државата Израел, во замена би добил гаранции дека израелските воздушни напади ќе престанат а израелската војска во исто време ќе се повлче од пет стратешки локации на југот на земјата. Ова маѓудругото се наведува во францускиот мировен предлог за Либан и Израел, пишуваат израелски „Хаарец“  и американскиот портал „Аксиос“.

Неодлучноста на Нетанјаху и американскиот притисок

Според извор цитиран од „Хаарец“, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сè уште не е одлучен дали да го прифати францускиот план. Весникот додава дека официјални лица во Вашингтон проценуваат дека американското „трпение“ за војната во Либан ќе истече штом ќе заврши „главната“ војна против Иран.

Ова создава краток временски период за преговори со Либан, чија влада, според „Хаарец“, веројатно би платила висока дипломатска цена за невиден потег како што е официјално признавање на Израел.

Политичка декларација како прв чекор

„Аксиос“ од друга страна известува дека францускиот предлог бара Израел и Либан, со посредство на САД и Франција, да започнат преговори за „политичка декларација“. Целта би била да се постигне договор за таа декларација во рок од еден месец.

Инаку, актуелната војна меѓу Израел и Либан започна на 2 март, откако Хезболах испука ракети во северен Израел. Нападот дојде како одговор на израелските напади врз Иран, во кои беше убиен врховниот лидер на Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот