Франција го забрани традиционалниот собир на муслиманите „поради безбедносен ризик“
Франција го забрани традиционалниот собир на муслимани што беше планиран да се одржи во наредните денови во поширокото подрачје на Париз бидејќи претставувал безбедносен ризик, објави „Ен-ди ТВ“.
Препорачано
„По барање на министерот за внатрешни работи Лоран Нунез, издадов наредба за забрана на 40. издание на Годишната средба на муслиманите во Франција, што требаше да се одржи од 3 до 6 април во изложбениот центар Париз–Ле Бурже. Оваа одлука е донесена во национален и меѓународен контекст обележан со засилени тензии и зголемено ниво на терористичка тревога, ризици од нарушување на јавниот ред и со големо полициско присуство на улиците во наредните денови“, напиша парискиот полициски префект Патрис Фор на „Икс“.
Во Франција уапсени двајца тинејџери што планирале терористички напад
Одлуката доаѓа откако Франција ја засили безбедноста на чувствителните локации низ Париз по осуетениот бомбашки напад врз канцелариите на „Бенк оф Америка“ минатиот викенд, во екот на американско-израелската војна против Иран.
Запрашан да ја коментира ситуацијата, Махлуф Мамеш, претседател на организацијата што го планираше настанот, ја потврди одлуката за забрана и додаде дека неговата организација ќе поднесе правна жалба против одлуката.
Франција: Поранешната девојка на терористот Салах Абдеслам подготвувала терористички напад


