Франција ги удвојува средствата за одбрана

Францускиот претседател Емануел Макрон во посета на поморска база - Фотографија ЕПА, Филип Пти Тесон

Франција веќе почнала повторно да ги зголемува своите воени инвестиции и двојно ги зголемила средствата за одбрана во два закони за воени програми, изјави министерот за Европа и надворешни работи Стефан Сежурне.

На прашањето дали го споделува стравот на одредени воени функционери дека Русија може да ги нападне земјите на НАТО во рок од неколку години и дали западните земји треба да инвестираат повеќе во нивната одбрана, Сежурне во интервју за порталот „Вест Франс“ одговори дека, ако темата е егзистенцијална за Европската Унија, тоа значи дека од неа зависи нејзината колективна безбедност, јави МИА.

– Во сегашниот геополитички контекст, во наш интерес е да си ги поставиме вистинските прашања – рече Сежурне.

Тој смета дека на Европската Унија ѝ се потребни воени буџети кои ќе ѝ овозможат да се соочи со заканата и дека европската одбрана треба да се организира на покоординиран начин.

– Мораме да ги зголемиме нашите напори. Темата е егзистенцијална и ние како Европејци мора да најдеме безбедносни гаранции – посочи Сежурне.

Според него, ЕУ мора да се согласи дополнително да ја здружи својата воена опрема, да создаде интеракции меѓу армиите и постепено да има поголема воена интеграција за индустриски и оперативни прашања.

– Ова е очигледно дел од нашата агенда за европски суверенитет – рече францускиот министер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот