Фото: EPA/Maciej Kulczynski

Франција без Камавинга: Дешан го објави списокот за Мундијалот

Светското фудбалско првенство започнува за помалку од еден месец, а селекторот на актуелниот вицешампион на планетата Дидие Дешан го објави списокот на играчи што ќе ги поведе во Северна Америка.

Мундијалот оваа година ќе се игра во САД, Канада и Мексико, а како еден од најголемите фаворити за освојување на титулата, на првенството ќе пристигне француската репрезентација.

Дешан го објави списокот од 26 играчи, а најголемото изненадување е што меѓу нив не е Едуардо Камавинга, редовен играч во првиот тим на Реал Мадрид од Мадрид. Освен него, во составот ги нема играчите како Лени Жоро, Корентан Толисо, Кефрен Турам, Уго Екитике, Матео Гендузи или Пјер Калулу.

Голмани: Мајк Мењон, Робин Рис, Брис Самба.

Одбрана: Лука Дињ, Мало Густо, Лукас Ернандез, Тео Ернандез, Ибрахима Конате, Жил Кунде, Максенс Лакроа, Вилијам Салиба, Дајо Упамекано.

Среден ред: Н’Голо Канте, Ману Коне, Адриен Рабио, Аурелиен Чуамени, Ворен Заир-Емери.

Напад: Магнес Аклиуш, Бредли Баркола, Рајан Черки, Усман Дембеле, Дезире Дуе, Жан-Филип Матета, Килијан Мбапе, Мајкл Олисе, Маркус Тирам.

Франција на Светското првенство ќе игра во групата И заедно со Сенегал, Ирак и Норвешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот