23 C
Скопје

Фракцијата во ВМРО-ДПМНЕ возвраќа на навредите од Мицкоски: Изолиран е и нема капацитет да ја води партијата

Се уште актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема капацитет да ја води партијата. Тоа резултира со видлива несигурност и немир, кои предизвикуваат панични реакции на ароганција, гнев и навреди кои сите оние што се охрабруваат да ја кажат вистината што ја гледа целата јавност, соопштуваат од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес за смена на претседателот на оваа партија Христијан Мицкоски.

Вистината е дека Мицкоски е неспособен да ги привлече симпатиите на граѓаните и служи само како спаринг партнер во изборните победи на власта. Вистината е дека Мицкоски има погрешно поставени приоритети, а личните, лукративни интереси му се поважни од партиските и државните.
Партиските членови и граѓаните ја препознаваат ароганцијата со која што ја прекрива сопствената  несигурност и со тоа ја влече партијата надолу. „Заробеници”, „слуги”, „гадење”, „криминални обиди”, „стопан Заев” се само дел од епитетите со кои Мицкоски вчера ги навредуваше делегатите што го избраа и му доверија партија од 150 000 членови, додаваат оттаму. 

Нивниот единствен грев е тоа што тие очекуваат од човекот што го избрале да им објасни дали партијата ја водел успешно или не ? Дали смета дека имал успеси или порази ? Нивниот грев е тоа што бараат објаснување дали власта била толку добра или Мицкоски бил лош за да победи на избори ? Наместо одговори и отчет пред оние кои го избрале, Мицкоски возвраќа со навреди кои се срам за секој чесен член на партијата. Недоличниот вокабулар на Мицкоски и заканите кои ги упатува ги препознаваат и граѓаните и меѓународната заедница. Затоа Мицкоски е изолиран. Затоа Мицкоски бега од соочување со одговорноста, посочуваат тие.

Поврзани вести

Во Израел има помалку од 1.000 активни случаи на заразени со Ковид-19

МИА Агенција

Денеска се регистрирани 135 нови случаи на Ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО| Менкиноски: Фамозната белешка на АНБ не е доказ во постапката против Јордан Камчев

ВИДЕО| Најмалку 40 мртви меѓу кои и деца во напад на училиште во Авганистан

Горан Наумовски

Папата Франциск повика на прекин на насилството во Ерусалим

МИА Агенција

ЕК нема да нарачува вакцини од АстраЗенека по јуни

МИА Агенција

Остави Коментар