Фото: EPA/SALVADOR SAS

Фрајбург е првиот полуфиналист во Лигата на Европа

Германскиот фудбалски клуб Фрајбург беше убедлив и на реваншот од Лигата на Европа на гости против Селта во Виго со 3:1, и со вкупни 6:1 во двомечот обезбеди место во полуфиналето.

Гостите поведоа во 33 минута преку Игор Матановиќ, кој искористи асистенција од Макенг.

Само шест минути подоцна, предноста беше зголемена, откако Сузуки постигна гол за 2:0. Веќе тогаш беше јасно дека Фрајбург ќе продолжи понатаму.

Сузуки ги отстрани сите сомнежи во 50 минута, зголемувајќи го водството на 3:0, а домаќинот да намали на 3:1 во 91 минута преку Сведберг.

Фрајбург во полуфиналето на ЛЕ ќе игра со подобриот дуелот меѓу Брага – Реал Бетис каде по првите 90 минути резултатот е 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот