ФОТО+ВИДЕО | Турканица на улиците во Рим: Силвестер Сталоне направи хаос

Фото: Cobra Team / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Планот што веројатно холивудскиот актер Силвестер Сталоне го имал за тивко, релаксирачко разгледување и шопинг патување со неговото семејство во Италија, набргу беше уништен, откако луѓето почнаа да го препознаваат на улиците во Рим.

Легендата на Холивуд излезе на прошетка со сопругата Џенифер Флавин и нивните ќерки Софи (27), Скарлет (21) и Систин (25), да уживаат во светски познатите глетки за време на нивниот одмор.

Но, не помина многу време кога обожавателите почнаа да се собираат околу нив. Наскоро се случи вистинска турканица, а Сталоне и неговото семејство безуспешно се обидоа да се скријат низ улиците на Рим.

Сталоне беше облечен во сини фармерки, црна маица и патики, а лицето го покри со темни очила за сонце, а неговата сопруга Флавин избра елегантни бели панталони, бел топ и бел блејзер. Поранешната манекенка ја комплетираше целата комбинација со сандали и очила за сонце.

Кратко после ова случување, на Инстаграм профилот на актерот беше објавено видео, на кое може да се види како парот, но и братот на Сталоне, Френк, се придружувани за што е можно полесно да се пробијат низ толпата на луѓе кои викаа и врескаа по холивудската ѕвезда.

Фото: Cobra Team / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

„Мирен попладневен шопинг со семејството. Ги сакам своите обожаватели и ја сакам оваа земја“, напишал тој под видеото.

И покрај целиот хаос, се чини дека тоа воопшто не им пречеше на Сталоне и Флавин, бидејќи и двајцата со насмевки на лицата минаа покрај мноштвото обожаватели.

Се чини дека посетата на Рим беше делумно и деловна, со оглед на тоа што во одредени моменти ги следеа камерите како дел од снимањето на нивното реално шоу „The Family Stallone“, кое се фокусира на славниот пар и нивните возрасни ќерки.

Само неколку дена претходно, Сталоне и семејството ја имаа честа да се сретнат со папата Франциско за време на нивното патување во Ватикан. За време на посетата, Сталоне, на големо изненадување, откри дека папата бил негов долгогодишен обожавател.

Во продолжение погледнете го видеото:

ВИДЕО | Силвестер Сталоне се сретна со папата Франциско и го праша: Дали сте подготвени да боксуваме?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот