ФОТО+ВИДЕО | Топла приказна: Пантер и ротвајлер се неразделни

Луна и Венца / Фото: Инстаграм, @luna_the_panthera

Повозрасните честопати ја користат фразата „како маче и куче“ кога сакаат да опишат двајца луѓе кои не се поднесуваат. А да не зборуваме ако станува збор за пантер и куче.

Сепак, пантерот Луна и кучето Венца се доказ дека таква дружба и те како е возможна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luna (@luna_the_pantera)

Луна била отфрлена од нејзината мајка, па поради тоа не можела да престојува во Зоолошката градина во Сибир, каде што била родена. Викторија Петровова, која е експерт за животни од семејството мачки, решила да ја вдоми и да ѝ подари убав живот.

Штом Луна пристигнала во домот на Викторија, кучката Венца, од расата ротвајлер, веднаш ја прифатила и почнала да се однесува со Луна како да е нејзино милениче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luna (@luna_the_pantera)

Уште од првиот момент на нивното запознавање, било јасно дека се работи за нешто посебно – Венца се обидела да ја лиже Луна, исто како што би правела со нејзините мали кученца. Од тој момент, Луна и Венца станале неразделни.

И покрај тоа што е голема, Луна е срамежлива и секогаш е внимателна во игрите со Венца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот