ФОТО+ВИДЕО | Софија Вергара ја покажа луксузната палата: Во плакарот чува фотографија на која е гола

Фото: ЕПА / Принтскрин

Познатата актерка Софија Вергара за „Аркитекчурал дајџест“ (Architectural Digest) ги отвори вратите од својата луксузна палата во Лос Анџелес.

Ѕвездата од новата серија „Гризелда“ на „Нетфликс“ за озлогласената кралица на организираниот наркокриминал, е на насловната страница од мартовскиот број на списанието за архитектура.

Антички мебел, мермер, природна светлина. Домот на Софија е како од магазините, а како што вели самата, целта ѝ била нејзините пријатели да се чувствуваат удобно кога ќе дојдат кај неа.

Фото: Instagram / Sofia Vergara / nitacalerophotography

Покрај пространите простории со луксузен мебел и високи тавани, Софија се пофали и со својот голем плакар. Актерката беше опкружена со дизајнерски парчиња од „Шанел“, „Гучи“, „Прада“ вредни 1 милион долари.

Меѓу останатите работи, таа ги покажа и големиот број на високи потпетици од „Долче и Габана“, италијански бренд што таа го обожава. Објасни дека облеката и модните додатоци ги организира според бојата.

Фото: Instagram / Sofia Vergara / nitacalerophotography

Но, додека го покажуваше својот луксузен плакар, Софија откри еден многу посебен предмет за неа. Таа ја покажа црно-белата фотографија од младоста каде позира гола , па објасни: „Оваа слика, е од времето кога бев млада и свежа“.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Инаку, Вергара го купи домот вреден 26 милиони долари во 2020 година додека сè уште беше во брак со Џо Манганиело. По седум години брак, парот објави дека се разделуваат во јули 2023 година, а Манганиело поднел барање за развод два дена подоцна.

ФОТО | Мајами „гори“: Софија Вергара во тесен кожен фустан на вечера со Меси

Софија Вергара: Големите гради ми ги отворија сите врати, ми беа пропусница за светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот