ФОТО+ВИДЕО | Синот на Тамара Тодевска наполни пет години: Дарен имаше роденденска забава со омилените суперхерои

Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска

Македонската пејачка Тамара Тодевска (38) објави фотографии и видеа од роденденската забава на нејзиниот син Дарен, кој вчера (12 декември) наполни пет години.

Момчето го прослави својот роденден во една скопска игротека, заедно со сестра му Хана (7) и бројните другарчиња. Интересно е дека прославата била тематска и дека сè било во духот на неговите омилени суперхерои – Спајдермен и Супермен.

Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска

Исто така, Дарен за својот петти роденден симболично добил и торта со Спајдермен на пет ката.

Пејачката ја пренесе веселата атмосфера на својот инстаграм-профил, каде покажа како се забавуваат Дарен и неговите гости.

Да потсетиме, Тамара Тодевска и кошаркарот Александар Димитровски – Мачка стапија во брак во 2015 година, а минатата година ја објавија веста дека се разделуваат. Тие имаат две деца – седумгодишната Хана и петгодишниот Дарен.

ВИДЕО | Тамара за разводот: Живеев во агонија и решив да излезам од тој „кафез“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот