Протестен марш во Кочани Фото: Радио Кочани

ФОТО+ВИДЕО | Семејствата на загинатите во Кочани на мирен марш, побараа правда и порачаа дека системот им ги уби децата

По речиси три недели од трагедијата во Кочани, денеска семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“, организираа протест насловен како „Марш за Ангелите“.

Собирно место беше Паркот на Револуцијата, а потоа присутните се упатија кон Трговскиот центар, Општина Кочани, Одделението за внатрешни работи, сѐ до локацијата на која маршот заврши – Основниот суд и обвинителството во Кочани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SLOBODEN PECAT (@slobodenpecat)

Протестен марш во Кочани Фото: Радио Кочани
Протестен марш во Кочани Фото: Радио Кочани

Семејствата заедно со сограѓаните, кои се придружија во огромен број, движејки се низ улиците во градот, држејќи фотографии и транспаренти побараа правда за прерано згаснатите животи на нивнте ќерки, синови, внуци, братучеди, другари, сограѓани…

Протестен марш во Кочани Фото: Радио Кочани

Снимките ја опишуваат траорната атмосфера, немаме зборови со кои можеме да го прикажеме денешниот протестен марш, раскажуваат колегите и новинари Драган Николов и Дарко Михајлов од Радио Кочани, со кои Слободен печат известува за денешниот марш.

Протестен марш во Кочани Фото: Радио Кочани

Со фотографии од загинатите, граѓаните со молчење, плач и трансапренти порачаа „Стоп за селективната правда“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Ова не е несреќа, ова е убиство“, а семејствата, како што соопштија и во самата најава, порачаа дека ќе се борат до крај за правда за своите деца и нема да застанат ниту за момент.

 

„Слободен печат“ известува во соработка со Радио Кочани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот