ФОТО+ВИДЕО | Модната дизајнерка Ива Спасовска се вери: „Париз дефинитивно е најромантичното место“

Модната дизајнерка Ива Спасовска, со својот избраник Бурак Биркан започнуваат ново поглавје од нивната љубовна приказна.
Имено, со видео објава на Инстаграм познатата модна дизајнерка откри дека саканиот ја запросил, на најромантичното место во Париз, под Ајфеловата кула.

„Париз дефинитивно е најромантичното место на светот“, напишала под објавата Спасовска.
На видеото може да се забележи дека и двајцата се облечени во бело, а дизајнерката како и секогаш изгледа одлично. Таа го покажува својот веренички прстен, додека уживаат и прославуваат со чаша шампањ.

Инаку, неодамна во интервју за „Слободен печат“, талентираната модна дизајнерка откри дека со својот партнер Бурак Биркан се запознале пред 2 години, преку пријател. Таа благодарение на него сега одлично го зборува и турскиот јазик.
Интервју со Ива Спасовска, модна дизајнерка: Врсничкиот булинг ме изгради во смела личност