ФОТО+ВИДЕО: Макрон ја отвори спакуваната Триумфална порта во Париз

кристо триумфална капија макрон
Откривање на Триумфалната капија во Париз во чест на уемтникот Кристо / Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Претседателот Емануел Макрон синоќа ја отвори покриената Триумфална порта во Париз – постхумниот проект на Кристо, пренесува Ројтерс

„Мислиме на Кристо и Жан-Клод. Бескрајно сме возбудени, затоа што ова е остварување на сон стар 60 години”, рече францускиот претседател во говорот во присуство на градоначалничката на Париз, Ана Идалго и поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, пренесува Ројтерс.

„Тоа беше луд сон и го реализиравте, благодарам Владимир (Јавашев – внук на уметникот)“ – додаде Емануел Макрон, кој пристигна на отворањето со сопругата Брижит.

Пакувањето на парискиот споменик траеше неколку недели за да се заврши. За него, користени се 25.000 м. рециклирана вештачка сиво-синкава ткаенина, поддржана со 3 километри јажиња.

Инсталацијата ќе биде отворена за посети во сабота. Триумфалната капија ќе остане преполна до 3 октомври.

Триумфалната капија во Париз / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

 

Поглед кон завитканата триумфална капија во Париз / Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Извор: Ројтерс

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот