ФОТО+ВИДЕО | „Престани да глумиш жртва“: Љубовницата му одговори на Дејвид Бекам

Фото: Profimedia/EPA

Во новата документарна серија „Бекам“ („Beckham“), посветена на животот на Дејвид Бекам, тој и неговата сопруга Викторија проговорија за скандалот од 2003 година, кога се појавија гласините за аферата на поранешниот британски фудбалер со неговата асистентка Ребека Лус.

Во разговор за „Дејли мејл“, сега Лус ја претстави својата страна од приказната и го обвини Бекам дека „глуми жртва“.

„Јас разбирам дека има имиџ што мора да го зачува, но се прикажува себеси како жртва и прави сѐ за да изгледам како лажливка, како да сум ги измислила овие приказни. Тој мора да преземе одговорност“, изјави таа.

Како потсетување, Ребека Лус излезе во јавноста пред дваесетина години, тврдејќи дека таа и Бекам имале афера која траела четири месеци. Фудбалерот, од друга страна, ги негираше овие обвинувања и продолжи со својот живот. Сепак, во документароцот, тој откри дека поминал низ голема брачна криза поради гласините дека ја изневерил сопругата.

„Искрено, не знам како го преживеавме тој период. Викторија ми е сè на светот. Да ја видам така повредена беше неверојатно тешко, но и двајцата сме борци. Моравме да се бориме еден за друг и за нашето семејство. Она што го имавме вредеше да се бориме”, изјави Бекам во својот документарец, кој е достапен на филмската платформа Нетфликс.

Ребека Лус / Фото: Ian McIlgorm / dmg media / Profimedia

Лус верува дека кога Дејвид Бекам зборува за наводната афера во документарецот, тој „индиректно сугерира“ дека таа е таа што „направила Викторија да страда“.

„Да, приказните беа ужасни, но тие се вистинити. Тој во документарецот вели дека сака да го чува приватниот живот за себе. Мислам дека едно е да го чуваш приватниот живот за себе, а друго е да ја доведуваш јавноста во заблуда“, искоментира таа.

Таа денес работи како медицински асистент и живее во Норвешка и вели дека единствената причина поради која решила да го коментира документарецот е тоа што чувствува потреба да се брани.

„Имам и семејство и деца, кои исто така имаат Гугл и можат да гледаат и документарни филмови“, изјави Лус за „Дејли мејл“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот