ФОТО+ВИДЕО | Лаура Паузини го кажа судбоносното „да“ по 18 години љубовна врска

Италијанските музичари Лаура Паузини и Паоло Карта се венчаа по 18 години љубовна врска. Како што пишуваат италијанските медиуми, свадбената церемонија се случила на 14 март во Рим, Италија.
View this post on Instagram
Пејачката ја потврди убавата вест со објава на Инстаграм, каде што сподели романтична снимка од церемонијата на која присуствувале нивните најблиски роднини и пријатели.
„Си кажавме ‘да’. Сè што сакаме е пред нас“, напиша 48-годишната Паузини во описот на видеото.
View this post on Instagram
Како потсетување, двојката почна да се состанува во 2005 година, а осум години подоцна ја добија ќерката Паола.
Во едно од нејзините интервјуа, пејачката раскажа дека нејзиниот партнер ја запросил во 2012 година, но дека тие решиле да почекаат со венчавката додека да порасне нивната ќерка.
View this post on Instagram
Лаура Паузини е една од најголемите италијански музички ѕвезди, која снима песни на италијански, шпански, португалски и француски јазик.
Во текот на нејзината долгогодишна кариера, таа доби бројни награди за својата работа, меѓу кои и онаа за најдобар италијански изведувач.