Фото: Фејсбук / За почисто Блатец

ФОТО+ВИДЕО | И младо и старо на блокадата против хидроцентрала: „Блатец не е на продажба“

Неколку стотици жители на виничкото село Блатец денеска преку протестна блокада порачаа дека нема да дозволат на реката Блатешница да се изгради хидроцентрала, за што Владата дала концесија на приватна фирма од Кочани.

Фото: Фејсбук / За почисто Блатец
Фото: Фејсбук / За почисто Блатец

На блокадата денес дојдоа и стари луѓе, но и многу млади, кои застанаа рамо до рамо во, како што велат, „одбрана на нашето“.

Фото: Фејсбук / За почисто Блатец
Фото: Фејсбук / За почисто Блатец

„Масовно, сложно и достоинствено застанавме на барикадите против изградбата на хидроцентралата. Ова не е борба од инает, туку борба за вода, за природа и за иднината на нашите деца. Одлучни сме дека за Блатец не се преговара. БЛАТЕЦ НЕ Е НА ПРОДАЖБА. Добивме и силен ветер во грб. Градоначалникот на Општина Виница – Митко Костадиновски присуствуваше на протестот, застана со народот и ни даде јасна поддршка, како и уверување за институционална помош со цел што побрзо да се реши оваа ситуација. Ова е гласот на народот. Ова е одбрана на нашето. Огромна благодарност до сите телевизии, медиуми и портали што денес беа со нас и известуваа во живо. Благодарение на вас, гласот од барикадите стигна до секој дом. Борбата продолжува“, велат жителите на Блатец во објава на социјалните мрежи.

ВИДЕО | Жителите на Блатец на стража за Блатешница: Реката е живот, не дозволуваме хидроцентрала

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот