ФОТО+ВИДЕО | Дошол да гласа за претседател на Турција, па ја запросил девојката

Фото: Twitter/ Mehmet Emin Özbey

Во Турција актуелни беа претседателските избори. Во вториот изборен круг медиумите пренесоа дека повторно победи Реџеп Таип Ердоган.

Но, во вториот круг од изборите, на избирачкото место во главниот град Анкара беше забележан необичен момент, пренесува „Анадолија“.

Фото: Twitter/ Mehmet Emin Özbey

Имено, Мехмет Емин Озбеј, пред избирачкото место во локалното училиште, на уникатен начин ја запроси девојката Гизем Есин. Тој и покажал импровизирано ливче за гласање, со заедничка фотографија, прашувајќи ја дали го прифаќа предлогот за брак.

Фото: Twitter/ Mehmet Emin Özbey

Девојката била видно изненадена, но и пресреќна, па ставилa печат со знакот „да“ на „гласачкото ливче“ и потоа го вметнала во „гласачката кутија“.

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Вљубениот Озбеј клекнал на колена и на девојката и подарил свршенички прстен. Целата романтична ситуација била проследена со аплауз, а присутните им посакале среќа во понатамошниот живот.

Девојката во изјава за новинарите рекла дека е изненадена и дека не очекувала вакво запросување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот