ФОТО+ВИДЕО: Дали голот на Жоао Феликс против Гранада е регуларен?

фото: принтскрин/youtube.com/@TVArenaSport

Барселона во „Ла Лига“ ремизираше против Гранада, а победничкиот гол на Жоао Феликс беше поништен бидејќи најблиску до голот беше Феран Торес.

Играчите на тренерот Чави Ернандез одиграа 2:2, беа блиску да ги освојат сите три бода, но неколку сантиметри ги делеше до победата. Голот на Жоао Феликс во 93 минута е поништен, но не поради него, туку поради офсајд во кој се наоѓал Феран Торес.

Поранешниот напаѓач на Манчестер сити беше на патот на топката, во недозволена позиција, а судијата и ВАР оценија дека влијаел на играта од првата статива. Топката заврши на втората статива, од каде на Феликс не му беше тешко со глава да ја внесе во голот.

На клупата на Барселона сите почнаа да слават, но тоа не траеше долго – главниот судија на натпреварот веднаш ја крена раката и сигнализираше офсајд, а ВАР собата ја потврди недозволената позиција.

– Четвртиот судија најпрвин ми кажа дека е поништел затоа што Феран ја допрел топката, но тоа не беше случај. Се чини дека влијаел на играта, но не знам чија. На кого влијаеше? Не ми е јасно. Не се мешаше никому, бидејќи топката помина на два метри од Феран. Топката отиде до далечната статива и никому не му пречеше. Го поништија голот, а можеа и да го признаат – рече Чави по натпреварот.

Спорниот детал погледнете го од 09:11 мин. од следното видео:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот