Шон Пен - Фото: Икс

ФОТО | Фотографијата на Шон Пен со цигара на доделувањето на Златните глобуси стана хит: Актерот не се грижи за строгите правила

Фотографијата на легендарниот американски актер Шон Пен со цигара на 83. доделување на Златните глобуси (Golden Globe Awards), одржано во Лос Анџелес, ги преплави социјалните мрежи.

Фотографијата на Икс ја сподели новинарот на „The Wall Street Journal“, Бен Фриц, со коментар:

 „Ова не може да биде дозволено“. Објавата досега собра повеќе од 50.000 лајкови и предизвика бројни реакции.

„Пуштете го човекот да ужива во цигара“, „Никој не може да му каже на Шон Пен што да прави“, „Конечно нешто добро се случува“, се дел од коментарите на Икс.

Во Калифорнија пушењето во затворени простории е забрането од 1995 година. Многу корисници на социјалните мрежи наведоа дека оваа фотографија ги потсетила на „златното доба“ на Холивуд, кога познатите личности пушеле за време на интервјуа, доделувања награди и јавни настапи.

Шон Пен седел покрај Леонардо Дикаприо и остатокот од екипата на филмот „One Battle After Another“.

Што има во торбата со подароци за „Златен глобус“, вредна милион долари? Погледнете ја листата на сите 35 предмети

Робин Рајт откри што му замерила на Шон Пен во врска со воспитувањето на децата: „Чувствувам огромна тага…“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот