ФОТОГАЛЕРИЈА: Потресни сведоштва, јајца за Владата и ОЈО, граѓаните побараа оставки и одговорност

Протест поради скандалите на Онкологија / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Без официјален организатор голем број граѓани се собраа пред владата да дадат поддршка на протестот организиран преку социјалните мрежи по монструозниот скандал кој ја потресе државата со клиниката за онкологија.

Дождот не ги спречи ниту младите ниту повозрасните да се сплотат пред владата и да упатат јасна порака „доста е“ за сите понижувања и скандали изминатиот период посебно за последниот поврзан со клиниката за онкологија. Побараа одговорност и целосно расчистување на случајот и одговорност.  Дел од говорниците со потресни сведоштва за својот пат низ ходниците на онкологија и за личните загуби кои ги имале. Солзи во очите кај присутните имаше по говорот на една мајка облечена во црнина која жали за прерано починатиот син. Таа изјави дека проблем со цитостатици нема само во јавното, туку и во приватното здравство, каков што бил нејзиниот случај. Говорејќи во солзи и болка на мајката и се слоши па мораше да интевенира и брзата помош.

Се раскажаа и потресни лични приказни, при што еден помлад учесник на протестот опиша како мајка му починала кратко време откако почнала да прима хемотерапија.

„Јас пред една недела ја изгубив мајка ми од рак на белите дробови. Болката е незамислива. Поради тип на рак под итно беше ставена на хемотерапија. Мајка ми беше карпа човек, но по само три сесии хемотерапија клапна и за една недела почина. Не знам што ѝ даваа. За седум дена се претвори во жив мртовец. Министерството за здравство, Онкологија и сѐ што е поврзано, тоа е невидена мафија. На човек кој се бори за живот и секој ден му се брои, некои директори, министри, убијци му го уништуваат животот. Сите заедно мора да застанеме и да се ослободиме од овие монструми“, кажа тој.

Демонстрантите кои денеска излегоа на протест пред Владата фрлаа со јајца кон зградата гневни по скандалот поврзан со препродажбата на лекови на Клиниката за Онкологија. Од зградата на Владата тие се упатија кон Јавното обвинителство кое почна да го истражува овој случај. Еве каква беше сликата пред Обвинителството:

Протест поради скандалите на Онкологија / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот