ФОТОГАЛЕРИЈА | Бреговиќ славеше заедно со публиката на концерт во Скопје

Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Една од најголемите музички легенди на Балканот, светски познатиот Горан Бреговиќ синоќа во спортскиот центар „Јане Сандански“ одржа голем славенички концерт, одбележувајќи 50 години од основањето на „Бијело дугме“, само еден ден по неговиот 74 роденден.

Вечерта ја отворија нашите рок легенди „Леб и сол“, кои пак се потсетија на нивниот концерт од пред 47 години, кога првпат свиреле како предгрупа на „Бијело дугме“. Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Димитар Мичо Божиков и Михаил Парушев, очекувано за музичари од нивен ранг, звучеа беспрекорно, оправдувајќи ја титулата на едни од најдобрите на овие простори.

Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Веднаш по добро познатите хитови на „Леб и сол“ на сцената се појави Бреговиќ заедно со музичарите од неговиот “Оркестар за свадби и погреби” и приреди енергична атмосфера, карактеристична за неговите настапи.

Посетителите уживаа во музиката која спојува различни култури и на карактеристичен начин ги прикажува звуците на нашето поднебје, каде што се спојуваат истокот и западот.

Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот