ФОТО | „Златната девојка“ Бети Вајт: Гинисова рекордерка која ги обожаваше своите родендени

Бети Вајт
Бети Вајт/Instagram

Холивудската актерска препознатлива насмевка вечно ќе биде запаметена како една од великаните на актерската сцена. Бети Вајт, која почина на 99 годишна возраст, на само 17 дена пред својот 100ти роденден, уживаше во секое прославување на своите години.

Родена под полното име Бети Мерион Вајт, оваа „златна девојка“ беше една од најпознатаите комичарки во Холивуд. Растена во семејство на електроинженер и домаќинка, по Големата Криза во 30тите, семејството се сели во Лос Анџелес каде Бети го почнува школувањето. Според сите нејзини кажувања, таа сакала да стане писателка и за време на училишните денови ги пишувала сценаријата за училишните приредби.

На социјалната мрежа Твитер, беше споделена фотографија од неа, со прашањето „Дали знаете која славна личност е оваа?“ со неколку факти поврзани со оваа актерка:

Дали знаевте?

Бети Вајт беше Гинисова светска рекордерка.
Во 2014, Вајт ја доби титулата „Најдолга ТВ кариера на женски забавувач“ со преку 70 години искуство пред камерите.

Нејзиниот прв телевизиски настап е изгубен – ниту таа не можеше да се сети како се вика шоуто на кое го оствари своето прво деби на екраните, во 1939та. Во една пригода раскажа:

„Танцував за некое експериментално ТВ шоу, и го носев мојот матурски фустан, а нашиот претседател на средношколци ми беше партнер во танцот, бевме пресмешни“.

Нејзиниот актерски почеток беше прекинат од Втората светска војна

Пред да биде ТВ лице, Бети била вработена во театар, но и дел од радио емисија и модел. Во виорот на Втората светска војна, Бети се откажува од своите амбиции за актерство и се приклучува во женските доброволни служби. Таа вели дека преку ден била активист, а навечер танцувала пред војниците. За еден магазин таа изјавила:

„Тоа беа чудни времиња, имаше нерамнотежа во воздухот“

На нејзиниот инстаграм-профил, таа сподели ретро фотографии од нејзините претходни родендени, во исчекување на нејзиниот стоти, јубилеен роденден, кој за жал не го дочека.

На објавата стои запишано:

„ Си ги сакам родендендите! На прагот на мојот 100ти роденден, јас имам многу убави спомени од прославувањата низ годините“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betty White (@bettymwhite)

Почина легендарната актерка Бети Вајт на само денови пред нејзиниот 100-ти роденден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот