ФОТО | „Златен бензин“: Уметничка инсталација како критика за големите поскапувања

Фото: Центар за современи уметности (ЦСУ)

Центарот за современи уметности (ЦСУ) денеска спроведе акција наречена „Златен бензин“, посветена на енормните поскапувања на продуктите и енергенсите и намалувањето на животниот стандард на граѓаните.

Имено, се работи за неколку уметнички инсталации поставени на неколку бензиски станици во Скопје.

„Цените на бензините и нафтените деривати се вивнаа во небо, како се одвиваат работите ќе се увериме во синтагмата дека ‘само небото е граница’. Последните неколку недели граѓаните на Македонија, но и пошироко, за еден резервоар плаќаат повеќе отколку што еден грам злато чини на берзите (околу 3600 денари наспроти 4-5000 денари колку што чини еден резервоар гориво). Всушност многумина се прашуваат дали во резервоарите точиме виски, парфем или гориво бидејќи литар гориво последниве недели е поскапо од литар вино и скоро дупло поскапо од литар боза, пиво или овошен сок.

Со оваа акција сакаме да ги потсетиме надлежните дека со укинувањето на мерките за намалување на цените на горивата македонските граѓани мака мачат да ги извршуваат секојдневите обврски а околу 100 000 граѓани се директно зависни (доставувачи, дистрибутери, таксисти) од цената на горивата.

Акцијата „Златен бензин“ е само почеток на низа акции кои ќе бидат посветени на енормните поскапувања на продуктите и енергенсите и намалувањето на животниот стандард на граѓаните, надевајќи се дека преку овие акции и ние уметниците заедно со синдикатите и работниците ќе влијаеме на Владата да ги заузда цените кои одат кон небесата и да обезбеди ако не развој барем преживување за граѓаните“, велат од ЦСУ.

Фото: Центар за современи уметности (ЦСУ)
Фото: Центар за современи уметности (ЦСУ)
Фото: Центар за современи уметности (ЦСУ)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот