ФОТО | „Животот е убав“: Сопругата на Огњен Амиџиќ ги разнежни обожавателите со фотографија од синот

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Водителот Огњен Амиџиќ и неговата колешка и сопруга Мина Наумовиќ станаа горди родители на момче на кое му го дадоа името Перун. Мина секој момент го поминува со бебето, а своите следбеници ги радува со по некоја фотографија, што е случај и овој пат.

Имено, новопечената мајка сподели фотографија во сосема опуштено издание, додека во раце го држи својот син. Според фотографијата несомнено е дека мајчинството одлично ѝ прилега.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Животот е убав“, напиша кратко водителката покрај фотографијата.

Да потсетиме, првите гласини за врската меѓу Огњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ се појавија минатата година, а кратко потоа тие потврдија дека се заедно. Неодамна во тајност го кажаа судбоносното „да“. Инаку, Амиџиќ пред бракот со Мина беше во брак со манекенката Данијела Димитровска со која има син и по десет години заеднички живот парот стави точка на љубовта.

ФОТО | „Коса како за во прво одделение“: Огњен Амиџиќ ја објави првата фотографија од синот Перун

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот