ФОТО | „Коса како за во прво одделение“: Огњен Амиџиќ ја објави првата фотографија од синот Перун
Српскиот водител Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ пред неколку дена станаа родители на нивното прво заедничко дете.
Препорачано
Како што пишуваат српските медиуми, Наумовиќ се породи во саботата (9 март) и на свет донесе здраво машко дете.
Среќната двојка одлучи да му го даде името Перун, инспирирано од врховниот бог во словенската митологија и бог на громот.
Водителот и неговата сакана денеска ја споделија првата фотографија од нивниот син на социјалните мрежи.
„Коса како за тргнување во прво одделение. Најјака модна комбинација и детска опрема. Нова димензија во потсетниците на мобилниот телефон и во животот.
Ви благодариме за сите убави зборови“, напишаа тие на Инстаграм.

Да потсетиме, првите гласини за врската меѓу Огњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ се појавија минатата година, а кратко потоа тие потврдија дека се заедно.
„Да, точно е. Во врска сме, но ние се договоривме дека ќе ја зачуваме приватноста за нас и дека нема да зборуваме за тоа“, изјави тогаш Амиџиќ за „Република“.
Инаку, Наумовиќ го водеше сегментот „Пази Мина“ во емисијата „Амиџи шоу“, која е долгогодишен проект на Амиџиќ.
Ова му е биде второ дете на водителот, кој во првиот брак со манекенката Данијела Димитровска го доби синот Матеј. Тие беа заедно нешто повеќе од 10 години, а се разделија пред две години.


