ФОТО | „Жешки“ фотографии од актерката што ја играше Силвана Арменулиќ во „Тома“: Тамара во проѕирен градник од тантела

Тамара Драгичевиќ/Фото: Инстаграм

Тамара Драгичевиќ маестрално ја одигра улогата на Силвана Арменулиќ во хит-филмот Тома“ и оттогаш не престанува да се зборува и пишува за неа.

Убавата српска актерка Тамара Драгичевиќ (32) на својот профил на Инстаграм ги почестила своите следбеници со сензуални, но провокативни фотографии од кои обожавателите биле воодушевени. Актерката е многу активна на социјалните мрежи, па често своите следбеници ги израдува со нови фотографии.

Сега, ѕвездата во филмот „Тома“ позирала во минијатурен црн градник од тантела, а сексапилните фотографии ги објавила на својот профил на Инстаграм.

Таа иако често објавува фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, следбениците овојпат ги изненадила и воедно восхитила со сензуалните фотографии на кои позира во градник, а на истите добила многу коментари на сметка на нејзиниот изглед.

„Душо моја прекрасна, најсакана, најслатка, најмила, најсовршена“, „Совршенство без маана. Прекрасна си Тамара“, се само дел од коментарите.

Српската актерка станa особено популарна во медиумите откако го „оживеа“ ликот на Силвана Арменулиќ во популарниот филм „Тома“.

Инаку, Тамара се појавува во „Тома“ само 10 месеци откако го родила второто дете кое го доби со сопругот и колега – актер Петар Бенчина со кого е во брак од 2016 година.

Докторот од „Тома“ ги расплака сите! Сопругата на Тома Здравковиќ ја откри вистината за лекарот

Интересно е тоа што, Петар Бенчина исто така има забележителна улога во филмот „Тома“. Бенчина го игра лекарот што го лекувал Тома.

Докторот од „Тома“ ги расплака сите! Сопругата на Тома Здравковиќ ја откри вистината за лекарот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот