ФОТО | Жена го нападнала Линдзи Бакингем со непозната супстанца, со години го следела и му се заканувала
Жена која наводно со години го демнела гитаристот на „Флитвуд Мек“, Линдзи Бакингем, е обвинета за повеќе кривични дела, откако, според обвинителството, го нападнала со непозната супстанца во Санта Моника, пишува „Ролинг стоун“.
Препорачано
Инцидентот се случил на 25 март, и тоа во период кога осомничената имала активна забрана за приближување. Според наводите, станува збор за Мишел Дик, која го следела музичарот од крајот на 2021 до март 2026 година.
Обвиненијата против неа вклучуваат упатување закани, напад со опасно средство, како и вандализам врз возилото на Бакингем. За одделниот инцидент на 25 март, се товари и за нанесување телесни повреди.
Според полициски извори, кога Бакингем пристигнал на локација во Санта Моника, жената му фрлила непозната супстанца и побегнала. Засега не е утврдено дали супстанцата била корозивна, но музичарот не бил повреден.
Судот веќе издал налог за апсење, а кауцијата е одредена на 300.000 долари.
Случајот е дел од подолга историја на вознемирување. Бакингем уште во ноември 2024 година побарал забрана за приближување, тврдејќи дека Дик со години го следи и му испраќа заканувачки пораки.
Во неговата изјава се наведува дека жената тврдела дека е негово дете и му упатувала закани дека ќе го убие него и неговото семејство. Дополнително, таа лажно пријавила во итните служби дека неговиот син е во опасност, што довело до интервенција на полицијата во неговиот дом.
„Кога ја отворив вратата, ми ставија лисици и ме изведоа надвор. По дваесет минути, откако ја пребараа куќата, ме пуштија назад – потресен и исплашен“, изјавил Бакингем.
Во декември 2024 година му била одобрена забрана за приближување, со која на осомничената ѝ се наложува да држи дистанца од најмалку 100 метри од него, неговото семејство и нивните домови во период од пет години.
Обвинителството наведува дека постои реална опасност од ескалација, поради што случајот се третира како сериозно кривично дело.
Стиви Никс денеска полни 77 години: Иконата чиј љубовен живот ја обележа судбината на „Флитвуд Мек“!


