ФОТО | Жељко Бебек го слави својот 80. роденден, семејството наздрави со шампањ во негова чест
Легендата на југословенската рок-музика Жељко Бебек, денеска го слави својот 80. роденден. Пејачот со кариера долга повеќе од половина век доби бројни честитки, но неговата сопруга Ружица му посвети посебна.
Препорачано
Таа со емотивна објава на социјалните мрежи му го честиташе роденденот на својот сакан и трогна многумина.
Со заедничката фотографија на која позираат со своите деца Катарина и Звонимир, Ружица му испрати емотивни зборови на својот сопруг. „Среќен роденден, љубов! Твоите први 80, а нашите 28. Каков крал си, татко на нашите деца, мое сè… Те сакам, знаеш ти сè, секогаш – засекогаш“, напиша таа во описот на фотографијата.
View this post on Instagram
Инаку, Жељко е во брак со Ружица Бебек од 2002 година. Тие имаат две деца, син Звонимир и ќерка Катарина. Покрај нив, Бебек ја има ќерката Силвија, која ја доби со првата сопруга Споменка, и Бјанка од вториот брак со Сандра.
Бебек ја запознал Ружица кога имал 52 години, а таа имала само 18 години.
„Бев многу млада, имав само 18 години кога се запознавме, и преку некое заедничко дружење сфативме дека сме добар пар. Тоа беше време кога немаше мобилни телефони, кога сè уште можевме да се слушнеме по телефон, кога тој ќе ме повикаше дома или ќе ми праќаше разгледница од неговото патување. Тоа беа долги телефонски разговори, а по некое време сфативме дека е убаво така“, изјавила претходно Ружица за списанието „Ин“.


