Фото: „Наше Ѓорче“

ФОТО | Железна „порта“ за влез на паркинг пред паѓање, Општина Ѓорче Петров да реагира додека не настрадал некој

Искршена рампа на влез во паркинг во Ѓорче Петров претставува сериозна опасност затоа што може да падне врз некој автомобил во движење.

За ова алармираат жителите од околните згради и го повикуваат градоначалникот и Општината под итно да реагираат и да ја тргнат уништената метална рамка.

Фото: „Наше Ѓорче“

Рампата на паркингот на улица Шидска, кај старата полициска станица, е оштетена од несовесен возач и претставува опасност за жителите кои го користат овој паркинг. Градоначалник Александар Стојкоски и Општина Ѓорче Петров, реагирајте побрзо, рампата може да падне врз некое возило или минувач и да направи голема штета или не дај боже, да имаме некоја жртва! – информира граѓанин во Фејсбук групата „Наше Ѓорче“.

Фото: „Наше Ѓорче“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот