(ФОТО) Воодушевени од фустанот на Нина Бадриќ: Чини 1500 денари, а изгледа многу поскапо – фановите полудеа!

Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Хрватската пејачка Нина Бадриќ на својот инстаграм – профил објави фотографии на кои позира во тесен розов фустан кој совршено и прилега. Фановите воодушевени од природната убавина на пејачката и модниот избор ја осипаа со комплименти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Во фокусот на вниманието повторно беше модниот избор на пејачката. Малиот розов фустан која ја откриваше нејзината совршена фигура го привлече вниманието на следбениците на пејачката. Нина добила многу пораки и прашања на својот инстаграм-профил па по тој повод пејачката одговори јавно:

„На барање на публиката, особено сите вие ​​кои ми испративте пораки денес за тоа колку чини фустанот… Фустанот чини 200 куни (1640 денари), а чорапите чинат дури 50 куни (410 денари)“, стои во опсиот на објавата на Бадриќ на која позира во фустанот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Нина Бадриќ важи за една од најдобро облечените жени на Балканот, а притоа согласно приликата избира и гламурозни модни парчиња кои се во тренд. Пејачката често носи и деним – урбани брендови достапни за пошироката маса, но согласно поводите и елегантни парчиња облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот