Фото: АРМ

ФОТО | Војниците добија нови чизми и шлемови, Армијата ги покажа наредени на картонски кутии

Во рамките на процесот на опремување на Армијата извршен е прием на опрема за лична балистичка заштита (шлемови) и теренски чизми, соопшти Армијата, која објави фотографии од чизмите и шлемовите, наредени врз картонски кутии.

Фото: АРМ

Шлемовите, според АРМ, се дизајнирани да понудат максимална балистичка заштита и овозможуваат компатибилност со дополнителна опрема за работа во ноќни услови. Новите шлемови се набавени во рамките на процесот за модернизација на Армијата.

Фото: АРМ
Фото; АРМ

Фото: АРМ

„Новопримените чизми се изработени според највисоките стандарди и обезбедуваат максимална издржливост, заштита и удобност при извршување на задачи во различни теренски и климатски услови“, велат од Армијата.

Ќе се вработуваат уште 300 професионални војници – почетна плата 500 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот