ФОТО | Воена пилотка стана Мис Америка: „Жените можат да постигнат сѐ!“

Фото: Инстаграм/Мис Америка

Пилотката на американските воздухопловни сили Медисон Марш (22) стана првата активна членка на американската војска која победилa на изборот на убавина – Мис Америка.

Таа беше крунисана на церемонија во Орландо, во американската сојузна држава Флорида, објави „Скај њуз“.

Марш, кој има диплома по физика и е студент на училиштето Харвард Кенеди во Кембриџ, ја претставуваше државата Колорадо.

Фото: Инстаграм/Мис Америка

На фејсбук-страницата на Мис Америка се наведува дека мисицата во слободното време е посветена на борбата против ракот на панкреасот, откако нејзината мајка починала од болеста во 2018 година. Исто така, се наведува дека таа е практикант во НАСА и дека добила стипендија за астронаути. Има црн појас и во теквондо.

„Ова му покажува на светот дека жените можат да постигнат сè. Девојките со кои се натпреварував се љубезни, интелигентни и талентирани луѓе, не се сомневам дека тие ќе ја водат Америка, без разлика дали е тоа политика, бизнис, филантропија, што и да е“, наведе таа Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Мис Америка
Фото: Инстаграм/Мис Америка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот