ФОТО | Во светот на Марвел: Синот на Ким Кардашијан и Канје Вест го прослави својот трети роденден

Третиот роденден на Псалм Вест / Фото: Инстаграм, Ким Кардашијан

Кардашијан е семејство кое секогаш знае добро да се забавува, особено кога станува збор за роденденските прослави. Синот на Ким Кардашијан и нејзиниот паранешен сопруг Канје Вест, Псалм Вест вчера го прослави својот трети роденден и тоа беше доволна причина за целото семејство да се собере на едно место.

Малечкиот Псалм беше домаќин на тематска роденденска забава, инспирирана од магичниот свет на Марвел, поточно од неговиот омилен суперхерој – Хулк. Неговите гости имаа можност да пробаат милкшејк во неколку вкусови, со шлаг, бонбони и крофни. Секако, и чашите беа во форма на Хулк.

Неговата мајка Ким сподели фотографии од забавата, на која доминираше зелената боја, и му посвети убава роденденска честитка.

„Среќен 3. роденден на моето слатко момче Псалм. Твојата насмевка ја осветлува целата соба, а твојата гласна насмевка и прегратките се апсолутно најдобри. Моето малечко момче за цел живот. Те сакам многу“, напиша Ким Кардашијан на Инстаграм.

Ѕвездата на реалните шоуа, која стана русокоса за потребите на Мет гала, облече едноставна модна комбинација – црно боди без ракави со широки црни панталони.

Како потсетување, Ким Кардашијан и Канје Вест ја започнаа својата љубовна врска во 2011 година, а стапија во брак во 2014 година. Тие имаат четири заеднички деца – осумгодишната Норт, шесгодишниот Сент, четиригодишната Чикаго и тригодишниот Псалм. За жал, Ким и Канје ставија крај на нивниот брак во април годинава.

Фото: Инстаграм, Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм, Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм, Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм, Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм, Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм, Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм, Ким Кардашијан

ФОТО+ВИДЕО | Временски приказ: Сè што треба да знаете за триаголникот на Ким Кардашијан, Пит Дејвидсон и Канје Вест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот